Фудбалскиот репрезентативец на Белгија, Еден Азар, кој треба во текот на летово да се пресели на „Сантијаго Бернабе“, го одбрал и бројот на дресот што ќе го носи во Реал Мадрид, објавија денеска медиумите во Шпанија.
Луцидниот напаѓач сакал да ја има „десетката“, но, откако Лука Модриќ потпиша нов договор, тој ќе го облече дресот со бројот „7“ кој во минатото го имаше првата ѕвезда на „кралевите“, Кристијано Роналдо.
Иако нема официјална потврда за трансферот на Азар од Челзи во Реал Мадрид, сите се убедени дека тоа ќе се случи.