Фудбалерот на Тотенхем Кристијан Ериксен призна дека неговиот тим имал доста среќа, за да стигне до финалето во Лигата на Шампионите. Лондончани беа поразени од Ливерпул со 0:2 во натпреварот за трофејот.
„Не знам дали тоа е знак од судбината, но вистината е дека имавме среќа да стигнеме до тука. Прво на натпреварот со Манчестер Сити, голот на Рахим Стирлинг, си помислив дека е готово. Натпреварот со Ајакс беше поинаков. таму не чекавме и не се плашевме, а Лукас успеа да постигне гол во вистинскиот момен, беше нервозно и драматично. Среќни сме што бевме од страната на победниците. Многу работи се случија. Уште во групната фаза по првите три дуели заостанувавме на табелата. Потоа се променивме, а елиминациите беа прилично интензивни со подеми и падови, но за навивачите беше доста возбудливо, но и прилично нервозно”, рече Ериксен по натпреварот.