Фудбалскиот состав Челзи ќе се обиде да извлече финансиска корист од заминувањето на тренерот, Маурицио Сари во редовите на Јувентус.
Стратегот кој во еден период беше пред отказ, успеа со одличен финиш од сезоната да стигне до титулата во Лига Европа и со тоа да го однесе тимот во Лигата на шампионите во наредната сезона. Откако агентот на Сари доби уверување од менаџментот на Челзи дека неговиот договор ќе биде пред време прекинат и дека ќе може да преговора со Јувентус, сега лондонскиот клуб одлучи да побара компензација за предвремено раскинување на договорот вреден 5 милиони фунти.
Изданието – „Дејли Стар“ открива дека во Челзи имаат намера да го ангажираат поранешниот тренер на Јуве, Масимилиамо Алегри.
