Од денес и официјално стартуваа подготовките на нашата бајдобра фудбалска репрезентација. Селекторот Игор Ангеловски на денешниот брифинг изрази задоволство од одработениот, прв дел од подготовките и поради фактот дека здравствениот билтен во репрезентацијата е на завидно ниво.
Сите повикани фудбалери, вклучувајќи ги Алиоски, Трајковски, Несторовски и Велковски кои имаа одредени проблеми со повреди, ќе тренираат максимално и ќе се се борат за место во тимот кој ќе им се спротивстави на Полска во петок на нашиот најголем стадио.
„Најнапред би сакал на ракометарите на Вардар да им ја честитам титулата и благодарност што повторно не напрваија годри. Што се однесува до нашите обврски за следните натпревари, многупати досега сум потенцирал дека е задоволство да се работи со вакви фудбалери. Крај на сезона е, неколкумина повредени, сите на работ на исцеденост и дадоа сѐ за да бидат подготвени за Македонија. Тоа само покажува за какви фудбалери се работи. Тоа ја покажува љубовта кон дресот и кон Македонија. Целта ја остваривме за првиот дел од подготовките. Тие што имаа повреди ги ставивме на максимум и сега комплетирани може сите да тренираме. Успешно се санирани повредите кај фудбалерите, па сега сакам само да не одминат тие повреди и комплетни да играме и со Полска и со Австрија после тоа. Со сиот респект кон Полска и кон Австрија, но во Скопје паѓале и поголеми репрезентации од типот на Италија и други. Јас само се надевам дека со поддршка од публиката која ќе им даде крилја на овие фудбалери, зашто тие тоа го заслужија, уште еднаш ќе ја израдуваме Македонија“, истакна селекторот Ангеловски.
Нашиот репрезентативец Бобан Николов исто така истакна дека најважно од се е како ние ќе одиграме на средбата со Полска.
„Селекторот многупати ни има кажано дека не е важно против кого играме, туку за што играме и како ние ќе одиграме. Ако излеземе на терен и одиграме како што знаеме и умееме, ако ги исполниме сите задачи, мислам дека никој и никое име не може да не исплаши. Ние сами од себе зависиме. Не чекаме дали противникот ќе има лош ден, туку зависиме од тоа како ние ќе одиграме“, истакна Бобан Николов.
