Поранешниот селектор на репрезентацијата на Шпанија и тренер на Реал Мадрид, Јулен Лопетеги, ќе ја продолжи кариерата во екипата на Севиља.
52-годишникот тренер го стави својот потпис на тригодишен договор за кој се водеа неколку неделни преговори. Промоцијата на новиот тренер на Севиља беше поместена поради смртта на Хозе Антонио Рејес, легендата на клубот, кој загина во сообраќајна несреќа.
Лопетеги ќе има можност во наредните три сезони да докаже дека може да води победничка екипа во Ла Лига, екипа која секогаш се бори а висок пласман.