Капитенот на Евертон, Фил Џагелка, по 12 години минати на „Гудисон Парк“ го напушти клубот. Договорот на 36-годишниот дефанзивец истекува и истиот нема да биде обновен.
„Ситуацијата околу мојата иднина не беше јасна, бидејќи досега од клубот немаа конечна одлука. За жал мојот пат во Евертон заврши по 12 фантастични сезони. Имав среќа да одиграм над 380 натпревари, да бидам капитен на тимот шест години. Сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери со кои сум играл, на претседателот и на неверојатните навивачи“, напиша поранешниот англиски репрезентативец на својот Инстаграм профил.
Џагелка одигра само седум натпревари во последната сезона.

