Манчестер Сити ќе се обиде да го победи Реал Мадрид во трката за потписот на младиот јапонски талент Такефуса Кубо. Напаѓачот, кој вчера наполни 18 години, си заминал од академијата на Барселона, па сега е на мета на останатите европски гиганти.
Јапонскиот Меси, како што го нарекуваат медиумите, беше дел од академијата на во Барселона, но мораше да си оди откако каталонците беа прогласени за виновни дека нелегално купувале малолетни играчи. На возраст од 18 години, тој сега треба да одбере каде ќе ја продолжи кариерата.
Меѓу кандидатите за негов потпис се Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ.