Португалија и Швајцарија денеска ќе се серетнат во полуфиналето на Лигата на нациите во рамките на квалитативната група „А“. Дуелот е закажан за вечерва во 20.45 часот, а победникот ќе се соочи со подобриот од утрешниот меч меѓу Холандија и Англија во големото финале.
Дебито на турнирот ќе го направи ѕвездата на актуелниот европски шампион Кристијано Роналдо, кој не настапуваше во првата фаза од натпреварувањето.
„Очекуваме тежок натпревар меѓу двајца противници кои сакаат да ја држат топката. Швајцарија, исто така, сака да игра со долги топки, но наша работа е да размислуваме за себе. Играме дома и сакаме да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави тренерот на португалската репрезентација, Фернандо Сантос.