Италијанскиот судија Џанлука Роки, ќе биде делител на правдата на петочниот квалификациски меч во Скопје меѓу репрезентациите на Македонија и Полска.
Италијанецот го судеше и мечот од Супер Купот пред две години во Скопје, што значи дека ова за него нема да биде прва арбитража на нашата Национална арена.
Македонија и Полска в петок го играат мечот од 3. коло во квалификациската група за пласман на ЕВРО 2020.