Италијанските медиуми објавија дека фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака, води преговори за трансфер во екипата на Интер.
Според наводите, репрезентативецот на Швајцарија во текот на летово може да потпише со „нероаѕурите“. Наводно, новиот менаџер на калчо-лигашот, Конте, побарал од упрвата да започне преговори со „топчиите“ и по секоја цена да го откупи договорот на Џака. Брзногиот фудбалер во 2016 година ја напушти Борусија Дортмунд и за 45 милиони евра се пресели на „Емирати“.
Тој во изминатата сезона одигра вкупно 40-ет мечеви во сите конкуренции за англискиот тим на кои постигна четири голови.

