Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, го откри планот на клубот за офанзивниот играч од средниот ред Марио Гетце.
Договорот на играчот истекува на крајот на следната сезона, а во последно време херојот од финалето на Мундијалот 2014 е поврзуван со Арсенал и Ливерпул.
„Ќе седнеме на масата за преговори на почетокот на следната сезона. Гласините за англиските тимови ги слушаме со години. Ние сепак сме спокојни, бидејќи често комуницираме со таткото и агентот на Марио”, изјави Цорк.
Директорот увери дека Гетце не изразува желба да го напушти стадионот „Сигнал Идуна Парк” втор пат по 2013 година, кога сензационално замина во насока Баерн Минхен.

