Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед го одбиле предлогот на Интер да се направи трампа меѓу Ромелу Лукаку и Мауро Икарди.
Според – „Скај Италија“, челниците на „нероаѕурите“ одлучил на „црвените ѓаволи“ да им понуди интересна размена, но, добиле негативен одговор. Екипата од „Олд Трафорд“ претходно објави дека Лукау може да си замине доколку пристигне понуда од најмалку 80-ет милиони евра.
Белгиецот иако во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 96 натпревари и постигна 42 гола, не влегува во плановите на менаџерот Оле Гунар Солскјер за наредната сезона. Тој доби зелено светло да си побара друг клуб.