Истрагата околу договорени фудбалски мечеви во Шпанија може изненадувачки да дојде и до Реал Мадрид, тврди – „El Confidencial“.
Според списанието, предмет на истрагата може да биде мечот со Хуеска одигран на 31 март на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ кој му припадна на Реал со 3 спрема 2. Весникот пишува дека две недели пред натпреварот се одржала средба меѓу претставниците на Хуеска и трети лица.
Наводно, на средбата се разговарало околу конечниот исход на мечот и како Хуеска да го расчисти долгот од 100.000 евра. Во текстот се наведува дека лидерите на Хуеска имале средба и со играчите Раул Браво и Карлос Аранда.
