Најдобрата македонска фудбалска репрезентација утре на Арената – „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Полска во рамките на групата – „Г “ за пласман на Европското првенство во 2020 година .
Македонија и Полска досега одиграа три меча а ефектот е две победи на Полјаците и едно реми. Што се однсува до тековниот циклус, Полска победи на гости кај Австрија и дома со Летонија и води во групата со шест бодови. Македонија е трета откако победи дома против Летонија и ремизираше на гости кај Словенија.
Спортско радио 90,3 ФМ за сите фанови на фудбалот што ќе бидат спречени да присусутвуваат на утрешниот меч на Арената „Тодор Проески“ ќе реализира пренос од мечот Македонија-Полска. Спортско радио 90,3 фм, медиумски партнер на фудбалската репрезентација на Македонија.

