Францускиот – „L’Equipe“ пренесе дека тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, планира да издвои околу 70 милиони фунти за напаѓачот на францускиот Лил, Николас Пепе. Доколку двата тима постигнат договор, тоа ќе биде вториот најскап трансфер во историјата на „црвените“.
На првото место е ангажманот на дефанзивецот, Ван Дајк, за кого беа издвоени 76 милиони фунти додека на второто фигурира трансферот на голманот, Алисон Бекер за кого беа одвоени дури 56 милиони фунти.
Пепе кој е репрезентативец на Брег Слонова коска имаше одлична сезона во Франција. Тој на 38 натпревари во Лига 1 постигна 22 гола и направи 11 асистенции.