Наполи ги заврши преговорите со Сасуоло за десниот дефанзивец Џовани Ди Лоренцо. Оваа екипа ќе го донесе играчот кој беше дел од екипата на Емполи и тоа за сума од 9,5 милиони евра.
Минатата недела Ди Лоренцо успешно ги помина медицинските тестови.
“Среќен сум што ќе започнам нов предизвик во еден престижен клуб како Наполи. Со нетрпение чекам да ја започнам новата сезона и да ги запознаам моите соиграчи”, изјави Лоренцо по објавувањето на неговиот трансфер.