Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Средба на претседателите на Фудбалските федерации на Македонија и Полска
    Фудбал

    Средба на претседателите на Фудбалските федерации на Македонија и Полска

    risteBy riste07/06/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во пресрет на вечерашниот квалификациски натпревар помеѓу македонската и полската репрезентација од циклусот за ЕУРО 2020.официјална средба имаа раководствата на двете федерации претставувани од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и првиот човек на Фудбалската асоцијација на Полска, Збигњев Боњек.

    „Ние сме горди што на наша страна секогаш ќе ја имаме поддршката од големи фудбалски асоцијации, како полската и великани на светскиот фудбал, како што е претседателот на федерацијата на Полска, Збигњев Боњек. Задоволство е што во последно време позитивно се гледа на македонскиот фудбал, а ние како раководство секогаш ќе бидеме посветени на негова промоција. За нас е задоволство кога луѓе како Боњек го вреднуваат нашиот труд и со почит гледаат на тоа што го работиме. Поддршката која ни ја даваат, а не е само декларативна, е многу значајна за нас. Едноставно, ја препознаваме вредноста и улогата на фудбалот и се бориме заедно да го подобриме фудбалскиот амбиент“, истакна во Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

    На состанокот беа присутни влијателни луѓе од фудбалот во Полска, а Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа и потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски, членот на У.О. на ФФМ, Марјан Стојкоски и заменик генералниот секретар, Дрилон Ганиу.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.