Паоло Фонсека ќе биде новиот тренер на Рома, соопшти „Кориере дело Спорт“.
Всушност, сите преговори меѓу клубското раководство на Рома и тренерот завршија, само се чека зелено светло од Шахтјор (Донецк), но за тоа не би требало да има проблем, затоа што претходно од клубот најавија дека нема да му прават проблем на тренерот. До крајот на денот, Рома ќе уплати 2 милиони евра во касата на украинскиот клуб, кој ќе го ослободи Фонсека.
Португалецот се согласил да потпишат договор со Рома, кој ќе го поврзе со римскиот клуб во наредните три години. Фонсека ќе добие 2,5 милиони евра по сезона, а не 3 милиони евра, за што двете страни претходно дискутираа.