Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Ангеловски се определи да игра со двајца играчи во нападот, Горан Пандев и Илија Несторовски на мечот со Полска.
На голот на нашата репрезентација ќе биде Столе Димитриевски, а пред него тројката во одбраната предводена од Велковски, Муслиу и Бејтулаи.
Во срениот ред ќе играме со пет играчи, на крилните позиции ќе бидат Ристовски и Алиоски, додека во средината на теренот Николов, Елмас и Барди. Нападот на Македонија ќе биде со капитенот Пандев и Несторовски од кои очекуваме голови.
Во нападот на Полска единствениот шпиц играч ќе биде Роберт Левандовски, што ззначи дека Милик и Пјонтек останаа на клупа.
Натпреварот на националната арена „Тодор Проески“ започнува во 20.45 часот, а ќе може да го следите низ нашата програма.