Напаѓачот на Македонија, Илија Несторовски, на денешната средба со новинарите пред мечот со Австрија, вели дека селекцијата што ја краси добра игра подолг период , може да освои бодови против Австријците.
„Ние подолго време играме добро, против сите репрезентации играме да дадеме гол и да бидеме подобри. Бевме добри со Полска. Штета што не одигравме барем нерешено, тие дадоа гол со еден обичен допир на топката“ – потенцира Несторовски.
„Имавме неколку шанси. Се надевам дека против Австрија ќе успееме да постигнеме гол“ – потенцираше напаѓачот пред утрешниот квалификациски меч со Австраија за пласман на ЕП во 2020 година.