Холандија не го покажа сиот свој потенцијал во финалето на Лигата на нации синоќа, изјави селекторот Роналд Куман по поразот со 1:0 од Португалија. Тој додаде дека “лалињата” немале креативност, а Португалците покажале токму таква игра.
„Сакавме да излеземе на теренот и да притиснеме со напад, но очигледно не го направивме тоа. Не бевме доволно добри. Можеби сум премногу негативен, гледајќи ја комплетно целата игра на овој турнир до овој момент. Знаевме сепак дека треба да го покажеме нашиот најдобар фудбал, но не го направивме тоа денеска“, вели Куман.
