Искусното холандско крило од екипата на Баерн (М), Ариен Робен, може да ја продолжи својата кариера во Лацио. Според информации во италијанските медиуми, 35-годишниот играч веќе имал контакт со римскиот клуб.
Робен се раздели со Баерн по 10 години поминати на „Алианц Арена“. Засега се уште нема информација за тоа каде ќе ја почне новата сезона, но ако контактот со Лацио се покаже како реален, „римските орли“ во него можат да добијат едно навистина искусно име.
