Фудбалерот на Ливерпул, Дејан Ловрен, има големи шанси да се пресели во редовите на Милан, тврдат медиумите во Италија.
Гигантот од Милано откако го обезбеди Марко Ѕампаоло на тренерската позција, сега се насочува кон засилување на тимот а тука во преден план се наметнува играчот на „црвените“, Ловрен, кој се наоѓа на излезната врата од стадионот – „Енфилд“. Наскоро се очекува италијанскиот тим да достави официјална понуда до Ливерпул и до интернационалецот од Хрватска кој цели шест години игра во Премиер лигата.
Ловрен во 2013 година го напушти францускиот Лил за да потпише со Саутемптон а само една сезона подоцна го облече дресот на Ливерпул.