Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд нема да го враќа напаѓачот Александар Исак, кој го нарекуваат „новиот Златан Ибрахимовиќ”.
Корпулентниот Швеѓанец беше донесен со големи очекувања во јануари 2017 година за 8,6 милиони евра од АИК Стокхолм, но не успеа да ги оправда очекувањата во Бундеслигата. Токму поради тоа беше испратен на позајмица во холандскиот Вилем 2 и се претстави прилично пристојно, но сепак Борусија нема да го врати во Дортмунд.
Според медиумите во Шпанија, 19-годишниот играч ќе го засили Реал Сосиедад. Германците бараат 10 милиони евра за играчот. Фудбалерот се очекува наскоро да ги помине лекарски прегледи во Сан Себастијан и да го потпише договорот со оваа екипа.