Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане, ги коментираше шпекулациите дека во текот на летово може да направи трансфер во екипата на Баерн Минхен.
Германскиот шампион кој се раздели со ветераните, Франк Рибери и Ариен Робен, ќе се обиде да ги пополни испразнетите места со квалитетни фудбалери. Како прва трансферна цел се наметнува токму името на Лерој Сане. Според објавеното, Баварците испратиле првична понуда до Манчестер Сити од 80 милиони евра, но, самиот фудбалер не е расположен да се врати во Бундес-лигата.
„Сега сум на одмор, кога ќе се вратам ќе видиме што ќе се случи. Сега не можам ништо да коментирам” – изјавил Сане за весникот – „Билд“.