Раководството на Кристал Палас стави исклучително висока цена за оној кој сака да го купи десниот бек Арон Ван Бисака.
21-годишниот играч е еден од главните трансферни цели на Манчестер Јунајтед и менаќерот Оле Гунар Солскјер ова лето. Кристал Палас веќе ја отфрли понудата на „црвените ѓаволи” за Бисака, за која се тврди дека изнесувала 40 милиони фунти. Тоа е далеку од износот кој го бараат од Кристал Палас. Според медиумите на Островот, цената што ја бара Кристал Палас изнесува 70 милиони фунти.
„Дејли мејл” информира дека Манчестер Јунајтед има резервна опција доколку трансферот на Ван-Бисака не може да се реализира. Тоа е дефанзивецот на Тотенхем, Кирон Трипиер.