Матс Хумелс е на чекор до враќање во дресот на Борусија (Д), но проблем се парите. Ккао што соопштува угледниот магазин „Кикер“ двете страни не можат да се договорат за отшетата.
Се зборува дека трансферот е фиксен 30 милиони евра и баварците не сакаат да спуштат ниту евро. Во моментов Борусија (Д) не е подготвена да ја плати оваа цена за својот поранешен фудбалер. Наводно, „милионерите“ понудиле 25 милиони евра, но оваа сума не му се допаднала на раководството на тимот од Минхен. И додека двата клуба се „ценкаат“, Матс веќе ги договорил личните услови за новиот договор со стариот клуб. Тој би заработувал по 10 милиони евра од сезона со што ќе стане најплатениот фудбалер во тимот заедно со капитенот Марко Ројс.

