Поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини бил уапсен утринава, соопшти „Медипарт“. Акцијата е во врска со истрагата за корупција во одредувањето на Катар за домаќин на Светското првенство во 2022 година
Поранешниот репрезентативец на Франција беше на чело на европската фудбалска централа (УЕФА) во периодот од 2007 до 2015 година, кога беше исклучен на инсистирање на етичката комисија. Против него имаше обвинение дека добил нерегулирано плаќање од 2 милиони долари од поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.
Подоцна и двајцата добија забрана да се занимаваат со фудбалска функција до 2023 година

