Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Родри, одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Иако и Манчестер Сити и Баерн (Минхен) беа подготвени да ја платат откупната клаузула за 22-годишниот играч, тој се определил да потпише за англискиот шампион.
Според Ел Паис, Родри проценил дека стилот на „граѓаните“ е подобар за него и дека сака да тренира под диригентската палка на Жозеп Гвардиола.
Манчестер Сити ќе ја плати клаузулата на Родри пред 30-ти јуни. Нејзиниот износ е 70 милиони евра.