Горан Пандев останува во Џенова и следната сезона. Како што соопшти познатиот новинар Џанлука Ди Марцио, потписот бил ставен на нов договор и ќе стане реалност во текот на наредните денови.
Според Ди Марцио продолжувањето на соработката ќе биде само за една сезона, која за македонскиот напаѓач ќе биде петта во дресот на џеновјаните.

