Македонските фудбалски клубови кои ќе ја претставуваат нашата земја во квалификациите за Лига Европа вчера ги дознаа првите противници, а денес ги дознаа и евентуалните втори противници.
Академија Пандев во првото коло ќе игра против Зрињски, Алашкерт ќе ја предизвика екипата на Македонија ЃП, а Пјуник е првата пречка во квалификациите за екипата на Шкупи.
Денес беа извлечени и двојките за 2. квалификациско коло по што се познати и потенцијалните противници на нашите екипи.
Утрехт – Академија Пандев/Зрињски
Алашкерт/Македонија ЃП – Стеауа/Милсами
Пјуник/Шкупи – Јаблонец
Натпреварите од 2. квалификациско коло се закажани за 25 јули и 1 август.