Фудбалскиот тим на Реал Мадрид денеска на „Сантијаго Бернабе“ го претстави францускиот дефанзивец, Ферлан Менди.
Левиот бек доаѓа како конкуренција на Марсело за сума од 48 милиони евра. 24-годишниот фудбалер е петтото засилување на „кралевите“ по Лука Јовиќ, Родриго, Милитао и Еден Азар.Претседателот Флорентино Перез го претстави Французинот како најдобриот лев бек во Лига 1 во последните две сезони.
Менди одржа и прес-конференција а потоа се појави на тревникот на стадионот и на навивачите им подари 40 топки.