Ветеранот во фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, во текот на денов треба и официјално да го продолжи договорот со екипата од – „Олд Трафорд“. Тој за „црвените ѓаволи“ гледано во сите конкуренции има одиграно повеќе од 200 натпревари и постигнато 45 голови.
„Тука сум 5 години и навистина ми е чест што ги бранам боите на клубот. Верувам дека ќе успееме да продолжиме со добар ритам и во наредната сезона со нашиот тренер, Оле Гунар Солскјер“ – потенцираше шпанскиот фудбалски интернационалец.
Мата кој сега ќе го продолжи договорот до 2021 година со опција за уште една дополнителна сезона, успеа со Манчестер Јунајтед да се израдува на трофеите во ФА Купот, Лига Купот, Лига Европа и Комјунити Шилд.