Ајакс денеска го продолжи договорот со главниот тренер на тимот Ерик Тен Хаг. Новиот договор меѓу специјалистот и холандскиот клуб ќе важи до летото 2022 година.
49-годишниот Тен Хаг го предводеше Ајакс од декември 2017 година, кога го замени тогашниот тренер на тимот Марсел Кејзер. Минатата сезона, клубот под раководство на Тен Хаг за првпат во последните пет години стана шампион, а стигна и до полуфиналето на ЛШ.