Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Фернандо Торес става крај на фудбалската кариера
    Фудбал

    Фернандо Торес става крај на фудбалската кариера

    risteBy riste21/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот шпански репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Челзи и Атлетико Мадрид Фернандо Торес најави крај на својата кариера. 35-годишниот фудбалер кој во моментов игра за јапонскиот Саган Тошу ја објави веста преку социјалните мрежи.

    „Морам да ви кажам нешто многу важно. По 18 возбудливи години, дојде време да се стави крај на мојата фудбалска кариера. Следна недела, 23-ти, во 10 часот по јапонско време, ќе одржам прес-конференција за медиумите во Токио, каде што ќе ги објаснам сите детали. Ќе се видиме таму”, напиша Фернандо Торес.

    https://twitter.com/Torres/status/1141934249362124801

    Шпанскиот напаѓач имаше одличен настап на „Енфилд“ по пристигнувањето од Мадрид во 2007 година. Тој постигна 81 гол во 142 натпревари за Ливерпул, пред да се пресели кај ривалот Челзи. Неговата форма не беше иста кај „сините“ и покрај тоа што ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ФА Купот како играч на „Стемфорд Бриџ“.

    Фернандо Торес одигра 110 натпревари за репрезентацијата на Шпанија и со 38 гола дојде до третата позиција на голгетерската ранглиста на сите времиња за Шпанија по Давид Виља и Раул. Торес двапати во кариерата беше дел од Атлетико Мадрид, а играше и на позајмица во Милан. Фернандо Торес, роден во Мадрид, а бил светски шампион и двапати европски шампион.

    Повлекувањето на Торес од фудбалот предизвика бран на коментари меѓу навивачите.

    „Ние секогаш ќе те сакаме”, напишал навивач на Челзи на „Твитер“. „Европски крал. Благодарам за спомените Ел Нињо”, додаде друг навивач на Челзи. „Многу среча во иднина Ел Нињо. Еден од моите омилени играчи на сите времиња “, додаде навивач на Ливерпул.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.