Адријан Рабио и Матијас де Лихт се очекува да потпишат договори со италијански Јувентус следната недела, објавија некои италијански весници. Спортскиот директор на “Старата дама”, Фабио Паратичи, делува сериозно за да ги заокружи и двете зделки, обидувајќи се да ги пшобеди во битката за двајцата фудбалери сериозните конкуренти, барселона и ПСЖ.
Рабио во моментов е слободен агент откако го напушти ПСЖ, и е подготвен да ја намали сериозно годишната плата, за да парафира со Јувентус. За сметка на тоа, сепак, неговата мајка, која е и негов агент, ќе добие поголем процент провизија.
Во исто време од Де Лихт ја прифатил понудата на Јувентус, кој е подготвен да му плаќа годишна плата на фудбалерот во износ од 12 милиони евра.

