Поранешниот фудбалер на Рома Даниеле де Роси се премисли и веќе е подготвен да заигра во друг тим од Серија „А“, тврди „Sky Sport Italia“.
Само пред неколку дена имаше друга информација, според која Де Роси одбил две понуди, бидејќи не сакал да игра за друг клуб во Италија по престојот во неговиот омилен клуб Рома. Тој е во сферата на интерес на клубови како Сампдорија, Фиорентина, Интер, Милан и Аталанта. Предлози од странство исто така има. Желба да го привлечат во своите редови имаат клубови како Бока Јуниорс и ЛА Галакси.
Во моментов најверојатна опција за Де Роси е да ја продолжи кариерата во Сампдорија, каде на функцијата тренер беше назначен поранешниот тренер на Рома Еузебио ди Франческо. Претседателот на Сампдорија Масимо Фереро упатил исто така предлог кон друга легенда на Рома – Франческо Тоти, да се пресели во Џенова во улогата на директор.