Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, може да стане играч на Лацио. Според медиумите во Италија, новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари не го гледа 33-годишниот Хрват како дел од неговиот тим.
Договорот со Манџукиќ со Јувентус е до 30 јуни 2021 година. Неговата плата во клубот од Торино изнесува 4 милиони евра по сезона. Од друга страна играчот е проценет на 18 милиони евра.
Минатата сезона Манџукиќ одигра вкупно 33 натпревари за Јувентус, а притоа постигна 10 гола и 6 асистенции, а со тоа даде голем придонес во освојувањето на титулата во Италија.

