Френк Лампард ќе се врати официјално во Челзи во текот на оваа недела. Според „Дејли Меил” поранешниот легендарен фудбалер ќе биде назначен за менаџер на лондончани во следните два дена.
Со него на „Стемфорд Бриџ” ќе се врати и друг поранешен играч на „сините” – Џоди Морис, кој досега беше асистент на Лампард во Дерби Каунти.
Лампард ќе дојде во Челзи со задача да го расчисти патот за младите играчи, бидејќи и без тоа клубот нема да може да привлекува нови фудбалери во наредните два трансфер периоди.
За една сезона во Дерби Каунти Лампард успеа да добие 24 од 57 одиграни натпревари и се пласираше со тимот во 1/4-финалето на „Карабао Купот“ и го однесе тимот до финалниот плеј-оф натпревар за влез во Премиерлигата, каде сепак Дерби загуби од Астон Вила. Френк Лампард ќе потпише договор за три години со екипата на Челзи.