Фудбалерот од средниот ред на Севиља Квинси Промес најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Ајакс од Амстердам.
Според весникот „Телеграф“, 27-годишниот фудбалер има склучено договор со клубот од Холандија. Договорот важи до летото 2024 година. Се тврди дека поради одење во Ајакс, Квинси одбил неколку други клубови.
Овој играч имаше одлична кариера во екипата на Спартак Москва каде настапуваше од 2014 до 2018 година. Во текот на неговата кариера, Квинси Промес, исто така играл за холандските Твенте и Го Ахед Иглс. Во Севиља, тој дојде минатото лето, а изминатата сезона учествувал на 33 натпревари во Шпанската Примера, во кои постигнал 2 гола и 3 асистенции.

