Дефанзивецот на Кристал Палас, Арон Ван Бисака , наскоро ќе ги помине потребните процедури, односно медицинските прегледи пред да го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед.
Најавата на медиумите во Англија велат дека оваа недела фудбалерот ќе се врати во Англија по настапот за младата репрезентација до 21 година и веднаш ќе замине на прегледи во Манчестер Јунајтед. Она што веќе се знае е дека Манчестер Јунајтед и Кристал Палас се согласиле за трансферот на Ван Бисака за 55 милиони фунти (околу 62 милиони евра).
Во текот на минатата сезона, Ван Бисака учествуваше на 39 натпревари за својот клуб. Арон Ван Бисака е играч кој потекнува од школата на Кристал Палас, а неговиот договор со клубот е со важност до летото 2022 година.

