Колку и да изгледа изненадувачки, португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, може да го наследи Рафа Бенитез на клупата на Њукасл.
Шпанецот кој има договор до 30 јуни, денеска потврди, дека по тој датум ќе си замине од клубот. Медиумите во Англија дури најавија дека Марко Матераци ќе му биде помошник на Мурињо на „Сент Џејмс Парк“ и дека се чека само шеикот Калед бин Зајед Ал Нехајан да го комплетира купувањето на клубот.
Доколку пак, тоа не се случи и Мајк Ешли остане доминантен сопственик на англискиот тим, тогаш ќе отпадне варијантата за ангажман на „специјалниот“.
