Србинот, Новак Ѓоковиќ како прв носител и Швајцарецот, Рожер Федерер, кој ќе биде поставен како втор фаворит на Отвореното тениско првенство на Англија, нема да можат да се сретнат се до финалниот меч доколку успеат да ги поминат сите пречки.
Според специјалната формула со која се пресметуваат бодовите од тековната АТП-листа и 75 проценти од освоените бодови гледано една година наназад на терените со тревната подлога, стана јасно дека двајцата големи фаворити ќе се разминат се до евентуалното финале.
Ждрепката за третиот годинашен Грен Слем на терените на – „Вимблдон“ е закажана за в петок од 10 часот. Мечевите од главниот дел ќе започнат в понеделник.

