Првите луѓе на фудбалскиот состав Рома го одложија стартот на летните подготовки бидејќи не се сигурни кога тимот ќе го одигра првиот официјален меч во новата сезона. Според првичниот план, „волчицата“ требаше да тренира во кампот во Пинцоло од 29 јуни до 7 јули, но, сега работите може да одат во друг правец.
Имено, Рома треба да ја старува сезоната на 25 јули со натпревар од вториот квалификациски круг на Лигата на Европа, но, тоа може да се промени доколку Милан биде исфрлен од турнирот. Во тој случај Римјаните ќе се пласираат директно во групната фаза што значи дека ќе бида слободни во текот на летото.
„ Имавме разговори со тренерот и се согласивме дека е најдобро да го одложиме почетокот на подготовките.Треба да бидеме сигурни дека играчите ќе бидат во оптималната форма за почетокот на сезоната” – нагласи извршниот директор на клубот, Гвидо Финега.

