Француски весник „L’Equipe“ денес објави информација во која се вели дека цената на Килијан Мбапе е помеѓу 230 и 250 милиони евра.
Ако некој клуб плати, тоа ќе биде нов трансфер рекорд. Пред две години талентираниот напаѓач го смени Монако со ПСЖ со чуден договор – позајмица за 35 милиони евра и дополнителна клаузула од 145 милиони евра.
Сè на сè, 20-годишната француска суперѕвезда ќе игра во новата сезона на „Паркот на принцовите“. Реал Мадрид се подготвува за моќна офанзива по една година во која треба да потроши над 200 милиони евра. Договорот на ПСЖ со Мбапе е до летото 2022 година.