Тотенхем е многу близу до ангажманот на својот прв фудбалер по повеќе од 510 дена. Станува збор за 18-годишниот играч на Лидс Јунајтед Џек Кларк, кој ќе го чини тимот од Лондон околу 10 милиони фунти.
Двата клуба веќе се согласиле околу трансферот и на играчот му била дадена дозвола од Лидс да замине на медицински прегледи.
Кларк дебитираше за првиот тим на 6 октомври минатата година. Тој потоа одигра 25 натпревари во Чемпионшип лигата и постигна два гола.
За последен пат, Маурицио Почетино привлече нов играч во својот тим во јануари 2018 година, кога го купи Лукас Моура. Во следните два трансфер периоди Тотенхем не купи ниту еден играч.