Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бенфика доби понуда за Феликс, Атлетико Мадрид нуди 126 милиони евра
    Фудбал

    Бенфика доби понуда за Феликс, Атлетико Мадрид нуди 126 милиони евра

    risteBy riste27/06/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Од Бенфика официјално потврдија синоќа дека тимот добил неверојатна понуда во висина од 126 милиони евра од Атлетико (Мадрид) за младата ѕвезда Жоао Феликс, а ова беше објавено од португалскиот гигант на клупскиот сајт.

    Атлетико Мадрид по секоја цена го сака најталентираниот напаѓач на португалскиот фудбал и мислат дека тоа би можело да биде одлична инвестиција за иднината. Покрај тоа, тимот го напушти нивната поранешна ѕвезда Антоан Гризман, кој ќе го облече дресот на Барселона.

    Експертите му предвидуваат светла иднина на 19-годишниот Феликс кого го сметаат за нов Кристијано Роналдо.

    „Фудбалски клуб Бенфика сака да соопшти дека доби понуда од страна на Атлетико (Мадрид) во вредност од 126 милиони евра за целосно стекнување на правата на Жоао Феликс”, пишува на официјалниот сајт на клубот од Лисабон.

    „Предлогот во моментов се анализира”, додале од Бенфика.

    Во принцип клаузулата за откупување на играчот е 120 милиони евра, но во случајот Атлетико Мадрид сака да ја плаќа оваа сума на одреден период, па во таква ситуација екипата на Бенфика може да отфрли оваа понуда.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.