Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, го гледа 30-годишниот интернационалец од Габон, Пјер Емерик Обамејанг како идеална замена за белгискиот фудбалер Ромел Лукаку, кој е веројатно ќе го напушти тимот.
Обамејанг е разочаран што неговиот тим нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона и размислува да се пресели во Манчестер Јунајтед. Минатата сезона Обамејанг одигра 51 натпревар за лондончани, постигна 31 гол и имаше 8 асистенции.
Неговиот договор со Арсенал е до 30 јуни 2021 година. Во моментов на трансфер пазарот неговата цена би била околу 70 милиони евра.