Шпанска „Марка“ тврди дека Килијан Мбапе ги одбил понудите на ПСЖ за продолжување на соработката и со тоа најави заминување од Франција следното лето.
Французинот уште во мај побара поголема одговорност и порача дека ќе си ја побара среќата во друг клуб доколку ПСЖ не му ја исполни желбата. Првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи истакна дека нема шанси да се случи трансфер и рече дека е 200% сигурен дека Килијан Мбапе останува на „Паркот на принцовите“.
Според пишувањата на „Марка“, ПСЖ би можел да го промени ставот со оглед на тоа што Мбапе одбива да стави потпис на нов договор. Реал Мадрид внимателно ги следи случувањата и е подготвен да тргне во офанзива доколку добие сигнали дека може да го купи Французинот, но најверојатно тоа би се случило дури следното лето.