Манчестер Јунајтед повторно почна да се интересира за играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ. Според информациите, Оле Гунар Солскјер е заинтересиран да го донесе Хрватот како замена за Пол Погба, доколку Французинот сепак ова лето реши да го напушти клубот.
Реал (М) и Јувентус и натаму се интересираат за потписот на Погба, па прашање е дали Манчестер Ј. ќе успее да ги одбие нивните напади. Барселона се обидува да учествува со некои од своите играчи на трансфер пазарот ова лето за да собере доволно пари за реализација на трансферот на Антоан Грзиман.